Општина Битола објави јавен повик за финансиска поддршка на спортски клубови и спортски здруженија на територија на Општина Битола во кои членуваат деца од ранливи категории.
Под поимот деца од ранливи категории опфатени се:
- Деца со попреченост,
- Деца од семејства корисници на ГМП.
Спортски клубови и спортски здруженија ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2025 година согласно Програмата за активности во областа на спортот и младите во општина Битола за 2025 година. За оваа активност во програмата планирани се вкупно средства во износ од 400.000,00 МКД.
„Евалуацијата ќе ја врши Комисија формирана од Градоначалникот на општина Битола која ќе изврши и распределба на средствата во зависност од бројот на пристигнати барања и бројот на деца кои членуваат во спортските клубови и здруженија. За одобрените средства на секој клуб или здружение пресметани по дете по месец, ќе биде склучен договор помеѓу клубот/здружението и Општина Битола врз чија основа средствата ќе бидат исплатени до крај на 2025 година по претходно донесен извештај за најмалку 50% присуство на детето на тренинзи и активности во тековниот месец. Повикот се однесува за деца кои веќе тренираат во клубот/ здружението односно за деца запишани до денот на објавување на јавниот повик“, велат од Општина Битола.
Временскиот период за кој овој повик се однесува е Јануари – Декември 2025 година. Повеќе информации за јавниот повик, достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/sportski-klubovi-i-zdruzenija/.
Текстот Општина Битола објави јавен повик за поддршка на спортски клубови и спортски здруженија во кои членуваат деца од ранливи категории е превземен од МАКФАКС.