Вчера во 21.30 часот во СВР Охрид, 50-годишната С.В. од Охрид пријавила дека пред нејзиниот дом на улица „Париска комуна“ во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „бмв х3“ со охридски регистарски ознаки.

Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Текстот Опожарено „бмв х3“ во Охрид, нема повредени лица е превземен од МАКФАКС.