Магистер доцент Ѓор­ѓи Цуцковски, оперски пејач, пр­ве­не­ц на Опе­ра­та при Националната опе­ра и Ба­лет (НОБ), е нови­от директор на НУ „Охрид­ско ле­то“. Тој до­а­ѓа на ме­сто­то на Анита Алоска која беше на функцијата в.д. директор измнативе три месеци.

Цуцковски на македонската јавност ѝ е познат по својата богата интернационална кариера, која вклучува претставување на македонската култура во САД, Кореја, Индонезија, Јапонија, Кина и во Европа. Освен како истакнат македонски уметник, има дадено особен придонес за македонската култура и како пoранешен уметнички директор на Македонската опера и музички селектор на фестивалот Охридско лето.

„Охридско лето за мене претставува бисер на македонската култура и на културниот идентитет на Македонија. Со особена чест и задоволство стапувам на позицијата директор на НУ ‘Охридско лето’ со надеж дека ќе ја продолжиме долгата и богата традиција на успешни и спектакуларни настани на најголемите светски уметнички имиња и дека фестивалот ќе продолжи да ја негува богатата традиција од 64 години“, вели Цуцковски.

Текстот Оперскиот пејач Ѓорѓи Цуцковски е новиот директор на НУ „Охридско лето“ е превземен од МАКФАКС.