Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) ѝ порача на Европската унија дека сегашните и идните санкции против Русија можат да создадат еден од најголемите шокови на пазарот на нафта и дека  не може да ги замени руските количини и да го зголеми своето производство, пренесува Ројтерс.

Во време кога Брисел планира нови санкции за енергетскиот сектор на Русија, претставници на ЕУ во Виена се сретнаа со претставници на ОПЕК по повикот на Западот до групата од 13 земји да го зголемат производството.

„Може да има загуба од 7 милиони барели руска нафта и друга енергија дневно, поради сегашните и идните санкции“, и други дејствија, изјави генералниот секретар на ОПЕК, Мохамад Баркиндо.

Со оглед на моменталната ситуација во секторот, продолжи Нигериецот, „би било речиси невозможно да се замени загубата на количини од тие размери“.

ЕУ повторно ги повика земјите од ОПЕК да размислат за зголемување на производството за да го ублажат растот на цените, изјави портпаролот на Европската комисија за Ројтерс.

Прикажи повеќе