Полицијата за Би-Би-Си изјави дека е прерано да се дадат дополнителни детали за предмет.
Портпаролот подоцна изјавил за новинската агенција АФП дека персоналот пронашол „жив“ предмет и ги предупредил полицајците околу 13:10 часот по локално време, пренесува Би-Би-Си.
Предметот бил проценет од националниот одред за бомби, кој одлучил да го уништи.
Репортер на ТВ4 слушнал „пукање“ на местото.
Израелскиот амбасадор во Шведска изјави дека имало „обид за напад“ врз амбасадата и нејзините вработени.
„Нема да бидеме заплашени од терор“, објави Жив Нево Кулман на X. Тој им се заблагодари на шведските власти за нивната „брза акција“.
Во своја објава, шведската вицепремиерка Еба Буш напишала дека е „потресена“, додавајќи: „Омразата против Израел е застрашувачка. Насилниот екстремизам мора да се запре“.
Подготви: Марта Пешевска