Бројот на големите шумски пожари низ светот драстично ќе се зголеми во наредните децении поради глобалното затоплување, а владите не се подготвени за справување со последиците од уништувањата од таквите екстремни пожари, предупредија ОН.
„До крајот на векот, веројатноста за шумски пожари слични на летото во Австралија 2019-2020 година или огромните пожари на Арктикот во 2020 година, кои ќе се случат во дадена година, веројатно ќе се зголеми за 31-57 проценти“,
се наведува во извештајот нарачан од Програмата на Обединетите нации за животна средина.
Дури и најамбициозните напори за ограничување на емисиите на стакленички гасови нема да спречат драматичен пораст на зачестеноста на екстремните услови на пожари, се заклучува во извештајот.