Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана нема да брани за „црвените ѓаволи“, денеска против Њукасл во 32. коло од Премиер лигата.
Голем број релевантни британски медиуми се повикуваат на извори блиски до клубот и тврдат дека тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим не го ставил на спискот Онана за претстојниот натпревар.
Натпреварот Манчестер Јунајтед – Њукасл започнува во 17.30 часот.
Аморим решил да му даде можност на Онана да се одмори и да се дистанцира од се она што му се случува изминатите недели, а на голот ќе биде Турчинот Алтај Бајиндир.
Камерунецот беше виновен за двата примени гола во ремито против Лион во првиот натпревар од четвртфиналето на Лига Европа.
Онана претходно се најде на удар на јавноста откако пред мечот со Лион изјави дека „црвените ѓаволи“ се далеку подобри од својот ривал.
Во јавноста излезе и одговорот на поранешниот фудбалер на Јунајтед и поранешен српски репрезентативец Немања Матиќ, кој му порача на Камерунецот дека „ е најлошиот голман во историјата на Јунајтед“.
Манчестер Јунајтед е на 13. место на табелата во англиското првенство со 38 бодови, додека Њукасл е на седмото место со 53.
Текстот Онана нема да брани против Њукасл е превземен од МАКФАКС.