Новата варијанта на коронавирус – Омикрон е идентификуван во 38 земји ширум светот, но досега не се пријавени смртни случаи, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).
Немам никакви информации за смртни случаи поврзани со Омикрон, рече портпаролот на СЗО Кристијан Линдмаер.
СЗО соопшти дека потребни се неколку недели за да се добие попрецизна слика за потенцијалното влијание на Омикрон, за да се одреди степенот на заразност, јачината на вакцините, како функционираат тестовите и третманите.
Прелиминарните податоци се чини дека укажуваат на поголема зараза, а тоа е главно сè што знаеме досега, рече Линдмаер.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.