Светската здравствена организација го означи новиот сој на коронавирусот откриен во Јужна Африка како загрижувачки и го именуваше омикрон. Јужна Африка првпат го пријави постоењето на овој сој на 24 ноември.
Досега познат како Б.1.1.529, тој во меѓувреме е откриен и во Белгија, Боцвана, Хонгконг и Израел.
„Раните докази сугерираат дека постои зголемен ризик од повторна зараза со оваа варијанта. Бројот на заразените со оваа варијанта се зголемува во Јужна Африка. Таа содржи голем број мутации, од кои некои се загрижувачки“, соопшти СЗО.
Оттаму додаваат дека ќе бидат потребни недели за да се разберат вистинските ефекти на новата варијанта, додека научниците утврдуваат колку е пренослива.
Велика Британија, Европска Унија, Швајцарија, Израел и Јапонија веќе објавија дека привремено ги прекинуваат авионските врски со Јужна Африка и неколку соседни земји.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.