Актерката Оливија Мун (44) откри дека таа и Џон Мулејни не биле ни во врска кога забременила со него во 2021 година.
„Едвај го познавав. Не бевме ни блиску до врска“, изјави таа за GQ.
Оливија првпат го запозна комичарот кога и двајцата присуствуваа на свадбата на Сет Мајерс во 2013 година. Сепак, тие се зближија на почетокот на 2021 година. Тој тогаш се раздели од својата прва сопруга Ана Мари Тендлер, со која беше во брак од 2014 година.
За време на нивната романса, Оливија останала бремена, а Џон бил возбуден за детето. „Тоа не беше нужно ‘сега ќе се венчаме и ќе живееме заедно’ или нешто слично, туку беше ‘Ќе биде присутен’“, се сеќава актерката.
Во тоа време, Мун живееше во Лос Анџелес, а Мулејни живееше во Њујорк. Повремено разговарале и комичарот доаѓал да ја посети. Но, Оливија се двоумела дали да влезе во врска бидејќи Џон штотуку излегол од рехабилитација.
„Тоа беше како да гледам човек во цунами. Го гледав што туку трезен, на работ на карпа и не го познавав доволно за да му помогнам“, рекла таа. Сепак, актерката истакна дека забележала дека фактот што тој ќе стане татко го правел среќен. „Беше многу возбуден кога им ја соопшти веста на своите родители“.
Мун и Мулејни одлучија да станат пар два месеци пред раѓањето на нивниот син Малком на 24 ноември 2021 година. Токму оваа година тие се венчаа во тајност на интимна церемонија во домот на нивните пријатели во американската сојузна држава Њујорк. На венчавката присуствуваа само сведокот и двегодишниот син на Оливија и Џон, Малком.
Во септември ја споделија веста дека добиле ќерка преку сурогат мајка.
Актерката во март откри дека минатата година и бил дијагностициран рак на дојка. „Ракот не се грижи кој си. Не е важно дали имаш бебе или немаш време. Доаѓа и немаш друг избор освен да се соочиш директно”, изјави таа за магазинот People во март.
Таа имаше четири операции во период од 10 месеци, вклучувајќи и двојна мастектомија. Мун рече дека ракот немаше да биде пронајден до нејзиниот следен закажан мамограф, доколку нејзиниот лекар не одлучил да изврши проценка на ризикот од рак на дојка. „Тоа ми го спаси животот“, вели таа.
Текстот Оливија Мун за сопругот: Едвај го познавав кога забременив, не бевме во врска е превземен од МАКФАКС.