Сопругата на првиот човек на Украина, Олена Зеленска откри пред јавноста дека не го видела Зеленски од почетокот на војната, поточно пред повеќе од два месеци.
Advertisements
Изјавата ја даде за полскиот весник „„Rzechpospolita““. Во интервјуто открива дека го гледа претседателот Зеленски „исто како и Вие, на телевизија и на видео снимки од неговите говори“.
Зеленска открива дека во ниту еден момент конфликтот не го променил нејзиниот сопруг како човек. Го опиша како човек „на кој можеш да се потпреш“.
Русија планира геноцит. Оваа беше репликата којашто Зеленска ја потенцираше прашана за руско-украинскиот конфликт.
„Немам што повеќе да им кажам. Ако ковчезите не ги убедат дека тука нешто не е во ред- нема што да им кажам“, изјав Зеленска за полскиот весник.