Обожавателите утре ќе имаат можност да оддадат последна почит на легендата на хеви метал музиката, Ози Озборн, кога неговата поворка ќе патува низ неговиот роден град Бирмингем. Телото на пејачот на „Блек Сабат“ ќе биде вратено за поворка што ќе се движи по Брод Стрит во центарот на градот од 13:00 часот во среда“, објави „Би-Би-Си“.
Погребното возило ќе го мине мостот „Блек Сабат“ и клупата каде што илјадници обожаватели оставија пораки и положија цвеќе. Градоначалникот на Бирмингем, Зафар Икбал, рече: „Ќе оддадеме последна почит на една од најголемите живи легенди на Бирмингем“.

Клупата на мостот „Блек Сабата“ која обожавателите од целиот свет ја затрупаа со цвеќе и пораки
Озборн почина на 76-годишна возраст на 22 јули.
Неговата смрт се случи помалку од три недели откако учествуваше, заедно со неговите колеги од бендот, на прошталната свирка на Блек Сабат, „Назад кон почетокот“. Десетици музичари, вклучувајќи членови на Металика и Аеросмит, настапија на концертот во Вила Парк.
Погребната поворка, која е планирана пред приватен погреб на Озборн, ќе му овозможи на неговото семејство можност да ги види многуте спомени што ги оставиле неговите лојални обожаватели оддавајќи му почот.
Локалните музичари од „Бостин Брас“ ќе ја придружуваат поворката. Опишувајќи го како „син на Бирмингем“, Икбал рече: „Тој го стави Бирмингем на мапата. Тој го стави Астон на мапата“.
Луѓе од далечни места како Мексико, САД и Полска оттогаш патуваат во градот за да додадат на морето од цвеќиња и пораки на мостот Блек Сабат.
Брод Стрит ќе биде затворен за сообраќај од 7:00 часот во среда, а трамваите и автобусите ќе бидат пренасочени во текот на денот и ќе бидат повторно отворени што е можно поскоро по настанот, изјави портпарол на градскиот совет.
Текстот Ози Озборн се враќа дома за последно збогум, погребна поворка низ Бирмингем е превземен од МАКФАКС.