Холандија има намера да воведе контрола на копнените граници од 9 декември за патниците од сите земји на ЕУ кои се во Шенген зоната, како и за некои странци кои патуваат во Холандија со авиони од земјите потписнички на Шенгенскиот договор, соопшти Министерството за миграција.
Проверките ќе траат шест месеци.
Според Ројтерс, оваа одлука на холандските власти следи по слична одлука донесена во соседна Германија.
Текстот Од 9 декември Холандија ќе воведе контроли на копнените граници и за патниците од земјите од Шенген е превземен од МАКФАКС.