Досега 800 деца се опфатени со скрининг-програмата на Министерството за здравство и од нив само осум биле позитивни на ковид-19, информираше д-р Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.
Мината недела во Македонија почна скрингот за коронавирус кој се спроведува во основните училишта. Планирано е да бидат опфатени околу 2.000 ученици. Д-р Мехмедовиќ рече дека се обезбедени 5.000 согласности од родителите на учениците кои сакаат да бидат дел од скринингот.
Д-р Мехмедовиќ нагласи дека се забележува генерален тренд на намалување на заразата со ковид-19 во сите категории, па така и кај учениците.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.