Во период од 6 август 11 ноември годинава во Македонија починале 1.788 пациенти позитивни на ковид-19. Од нив 1.434 пациенти од починатите, односно 80% не биле вакцинирани, а само 20%, односно 354 примиле вакцина, соопшти Министерството за здравство во анализата што ја објавува неделно.
Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, велат од МЗ.
Во период од 06.08 до 11.11.2021 на територија на државата 52.436 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 29% биле целосно вакцинирани, односно 15.456 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе три месеци, 36.980, граѓани, односно 71% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата.
Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 6 август заклучно со 11 ноември.
За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.
Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.
Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 7.169 дози вакцини, од кои 1.389 се аплицирани како прва доза, 1.364 се ревакцинирани, а 3.433 граѓани примиле трета доза вакцина. Заклучно со 11 ноември вкупно се вакцинирани 812.631 граѓани, ревакцинирани се 783.880, а трета доза примиле 51.531 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.