Од утре, 10 октомври, Република Бугарија ги повлекува рестрикциите за патување за македонски државјани на нејзината територија.
Со последната одлука, Северна Македонија од црвена е преместена во портокалова зона. Забраната е укината за сите кои поседуваат сертификат за вакцинација (14 дена поминати од втората примена доза), или сертификат за прележано болест (од 11-тиот до 180-тиот ден од денот на оздравување), како и со негативен ПЦР тест (не постар од 72 часа).