Министерот за здравство Илир Демири информира дека по прогласувањето на епидемија на голема кашлица во градот Скопје досега се вакцинирани повеќе од 22 илјади лица.
Како што информираат од Министерството за здравство, во гостувањето во емисијата „10 минути“ на ТВ21 Демири посочил дека вакциналните пунктови работат во две смени со цел да им биде полесно на родителите да ги имуницираат своите деца, гарантирајќи дека вакцините немаат никаква врска со аутизмот.
Во однос на функционирањето на здравствениот систем, министерот Демири рече дека има потреба од регионализација.
Тој изјави дека доколку му е дадена можноста да продолжи да ја извршува позицијата министер за здравство по изборите ќе се труди да се формираат регионални центри во Битола, Штип, Куманово и Тетово.
Со ова, вели, пациентите ќе добиваат здравствена услуга најблиску до местото на живеење. Како пример за регионален центар ја посочи Клиничката болница Тетово каде што работел на оваа идеја пред да стане министер.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.