Бројот на загинати израелски војници од почетокот на конфликтот со Хамас во Појасот Газа се зголеми на 315, објавија денеска израелските медиуми.
Меѓу загинатите е и полицаец кој загинал во спасувачката мисија, пишува „Тајмс оф Израел“.
Меѓу последните жртви е и 25-годишен израелски војник кој загина вчера за време на борбите во јужниот дел на Појасот Газа, соопшти израелската војска.