Адел со години е позната не само по својот неверојатен глас, туку и по својот препознатлив стил и имиџ. Меѓутоа, кога таа се појави во јавноста во 2020 година целосно трансформирана, светот не можеше да им верува на своите очи. Пејачката ослабе околу 45 килограми, а нејзината нова фигура стана предмет на дискусија и воодушевување. Како таа постигна таква драматична промена? Одговорот е – диетата Сиртфуд.

Која е диетата Сиртфуд?
Диетата Сиртфуд е план за исхрана кој се фокусира на активирање на сиртуините – протеини во телото кои го регулираат метаболизмот, го намалуваат воспалението и помагаат во согорувањето на мастите. Оваа диета овозможува консумирање на храна богата со полифеноли, кои ги стимулираат сиртуините и промовираат губење на тежината без губење на мускулната маса.

Иако звучи комплицирано, добрата вест е што оваа диета вклучува и некои неочекувани задоволства – темно чоколадо и црвено вино! Сиртхраната содржи кељ, рукола, боровинки, јагоди, црвено вино, темно чоколадо (со висок процент на какао), маслиново масло, ореви, зелен чај, црвен кромид, куркума и леќа.

Не постои точен превод за Сиртфуд, но може да се опише како сиртуинска диета или храна богата со сиртуини. Со оглед на тоа што терминот Sirtfood diet стана вообичаен и се користи и кај нас, најчесто не се преведува.

Сиртуините се група на протеини (ензими) кои играат клучна улога во клеточните процеси како што се стареењето, метаболизмот и регулацијата на воспалението. Тие дејствуваат како генски регулатори, помагајќи му на телото да согорува масти, да ја подобри отпорноста на стрес и да го намали воспалението.

Како изгледаше менито на Адел?

Сиртфуд диетата се состои од две фази:

Прва фаза (првите три дена, внес од околу 1000 калории дневно)

Три зелени сокови богати со сиртуин дневно (кељ, рукола, целер, зелен чај). Еден оброк богат со сиртуин (лосос, хељда, маслиново масло, магдонос)

Втора фаза (четири до седум дена, 1.500 калории дневно)

Одржување на диета (по првата недела)

Балансирана исхрана со што е можно повеќе сирт-храна

Пример за еден ден во нејзиното мени

Појадок:

Овесна каша со темно чоколадо и јаткасти плодови

Ручек:

Пилешко на скара со киноа, рукола и магдонос

Ужина:

Чаша црвено вино и неколку коцки темно чоколадо

Вечера:

Печен лосос со зеленчук и маслиново масло

Адел на оваа диета додаде и вежбање – вежбала пилатес и вежбала со тегови со личен тренер. Резултат? Целосна трансформација, не само физичка туку и ментална.

Текстот Од музичка икона до фитнес инспирација: тајната диета на најпознатата пејачка на денешницата е превземен од МАКФАКС.