Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.843 тестирања, а регистрирани се 130 нови случаи на КОВИД-19. Во текот на изминатите 24 часа починале 6 лица, најмладиот пациент имал само 27 години и е од Крива Паланка, засега од Министерството за здравство нема дополнителни информации за овој случај, односно дали пациентот имал други коморбилитети. Во изминатите 24 часа, регистрирани сe 423 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи изнесува 6.658.