Додека Сиријците го слават крајот на долгогодишното владеење на Башар ал Асад, се шират гласини за неговата локација. Русија вели дека побегнал од Сирија, но не е јасно каде точно.
Асад не е виден или слушнат откако бунтовниците го прогласија Дамаск за ослободен, откако го зазедоа главниот град и ги освоија клучните позиции. Не се знае и каде се неговата сопруга и двете деца.
Откако почна бунтот, а бунтовниците постигнаа брз напредок низ целата земја, Асад остана на страна.
По состанокот со министерот за надворешни работи на Иран минатиот викенд, тој вети дека ќе се бори против „терористичките организации“, но не направи многу бидејќи бунтовниците веќе ги зазедоа големите градови.
Кога бунтовниците вчера го опколија Дамаск, извор изјави за „Си-Ен-Ен“ дека Асад го нема никаде во градот. Претседателската гарда на Асад, исто така, повеќе не беше распоредена во неговата вообичаена резиденција.
Сирискиот претседателски кабинет негираше дека Асад го напуштил Дамаск или отпатувал во друга земја, велејќи дека некои странски медиуми „шират гласини и лажни вести“.
Откако бунтовниците го зазедоа главниот град, тие рекоа дека тој избегал и дека го бараат. Некои од борците заедно со цивили почнале да ги претресуваат неговите службени резиденции.
Во екот на овие гласини, руското Министерство за надворешни работи денеска објави соопштение во кое се вели дека Асад „одлучил да ја напушти претседателската функција и ја напуштил земјата, давајќи инструкции за мирен трансфер на власта“. Во соопштението за печатот се додава дека Русија „не учествувала во овие преговори“.
Извор близок до бунтовниците изјави за „Си-Ен-Ен“ дека соборениот претседател го напуштил Дамаск под руска заштита, а друг извор рекол дека отпатувал во Латакија во северозападна Сирија, каде што Русија има воздухопловна база.
Податоците за следење на летови покажуваат дека авионот во кој се претпоставува дека бил Асад полетал од аеродромот во Дамаск непосредно пред 2 часот по локално време во недела во правец на брегот пред нагло да се сврти над градот Хомс и да исчезне од радарот.
Два извори претходно денеска изјавија за „Ројтерс“ дека Асад можеби бил на тој лет и дека можеби загинал во авионската несреќа. Местото на несреќата не е пронајдено, а „Си-ен-ен“ не може да потврди дали Асад бил на тој лет.
Кој би можел да биде домаќин на Асад? Русија е очигледната дестинација, иако Министерството за надворешни работи не соопшти каде оди. Иран е друга можност. Каде и да слета, тоа крај на повеќе од две децениското владеење.
Текстот Од бегство во Русија до авионска несреќа – се шират теории за локацијата на Башар ал-Асад кој исчезна кога бунтовниците го зазедоа Дамаск е превземен од МАКФАКС.