Одморалиште во Општината Кремс во Австрија предизвика бурни реакции во јавноста поради името. Имено, сопственикот го нарекол пансионот – „Анти-хомо куќа“ и преку страницата порачува дека „не сака да има никаква врска со хомосексуалноста, педофилијата и родовата идеологија“.
Тој натаму пишува дека е исклучен од страниците за изнајмување соби само затоа што ја отфрла хомосексуалноста и „зашто не сакал да има никаква врска со СИДА-та и сифилисот“. И покрај бројните критики, сопственикот на пансионот вели дека нема да го смени името и никој не може да го натера на тоа.
Така, и Општината го избриша местото од својата интернет-страница, но укажува дека се немоќни, бидејќи не може да го натераат управителот да го смени името на одморалиштето.
Од Социјалдемократската партија на Австрија велат дека ова се случува бидејќи во Австрија сѐ уште се допушта дискриминација врз основа на сексуална определба.