Натпреварот од 21. коло во Евролигата меѓу Олимпијакос и Зенит Санкт Петербург беше одложен отколку неколку кошаркари на рускиот тим биле заразени со Ковид-19.
Мечот требаше да се одржи во четврток, на 13 јануари во Атина, а според правилата на Евролигата еден меч може да се одложи и до трипати.
Минатата недела беше одложено цело 19. коло во Евролигата, додека досега беа одложени пет натпревари од 20. коло, меѓу кои е и дуелот меѓу Зенит и Асвел, како и натпреварот меѓу Црвена Звезда и Реал Мадрид.