Ракометната репрезентација на Македонија по првиот дел има негатива од три гола во дуелот со Холандија, во второто коло на Светското првенство.

По израмнетиот почеток на мечот Холанѓаните се одвоија на 2:4, Македонија експресно се врати и до 23.минута буквално се играше гол за гол.

Во завршните седум минути од полувремето, избраниците на Кире Лазаров зачестија со грешките во нападот, Холандија направи серија од пет гола и ја стекна највиоката предност 13:17.

Првиот дел заврши соводство на Хландија 15:19. Во првиот дел македонските ракометари направији девет грешки.

Кузмановски со четири, односно Пешевски и Серафимов со по три гола ја предводат Македонија. Голманот Митревски има шест одбрани. Второто полувреме Македонија ќе го игра без Павле Атанасијевиќ, кој доби црвен картон.

Текстот Одбраната не функционира, Македонија на полувреме губи од Холандија е превземен од МАКФАКС.