Австралискиот суд го одби укинувањето на визата на прворангираниот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ и нареди негово ослободување од притвор. Австралиските адвокати пак изјавија дека австралиската владасе уште може да да нареди депортирање на српскиот тенисер. Судот донесе донесе одлука Новак Ѓоковиќ да биде ослободен од имиграцискиот притвор, оценувајќи дека одлуката на владата да му ја одземе визата за влез во земјата на тениската ѕвезда е „неразумна“.
Судијата Ентони Кели нареди Ѓоковиќ да биде ослободен во рок од 30 минути и да му бидат вратени пасошот и другите патни исправи, со што повторно се разгоре шансата на светскиот рекет број еден да ја освои рекордната 21. Грен слем титула на претстојниот Австралија опен.
Откако беше приведен прво на аеродромот, а потоа и во хотел во Мелбурн, првиот светски тенисер Новак Ѓоковиќ беше на распитот кој почна по полноќ по средноевропско време. Рочиштетото се одржуваше на далечина, односно во просторијата бил само судијата, додека останатите на видео врска.