Во тек е масовен руски напад со крстосувачки ракети и беспилотни летала врз Украина. Прогласена е закана од воздушен напад низ целата земја.

Силни експлозии се слушаат во Харков, вториот по големина украински град со еден милион жители. Како што предупреди украинското воздухопловство, шест групи крстаречки ракети летаат кон регионот на Киев.

Се стравува дека можна цел е киевската хидроцентрала на реката Днепар на северот од земјата.

Текстот Огромен ракетен напад врз Украина, експлозии во милионскиот град е превземен од МАКФАКС.