реклама

АСТЕРОИД доволно голем да уништи град викендов ќе помине помеѓу орбитите на Земјата и Месечината, јавува Би-би-си. Но, за среќа, нема да удри во Земјата или Месечината.

Објектот наречен 2023 DZ2 е откриен пред еден месец, а во сабота ќе помине на 515.000 километри од Месечината. Неколку часа подоцна, ќе прелета покрај Земјата.

реклама

Дијаметар на астероид од 40 до 90 метри

Ретко се случува толку големи астероиди да се приближат толку блиску до некоја планета. Се проценува дека астероидот 2023 DZ2 е со дијаметар од 40 до 90 метри.

реклама

НАСА вели дека минувањето на огромен астероид за време на викендот е важна можност за астрономите да зумираат

„Нема шанси овој „убиец на градот“ да удри во Земјата, но неговиот близок премин нуди одлична можност за набљудување“, изјави Ричард Мојсл, шеф за планетарна одбрана во Европската вселенска агенција, пишува Би-Би-Си.

реклама

Додека поминува на само 68.000 километри од Земјата, астероидот ќе биде видлив низ целиот свет со помош на двогледи и мали телескопи. Преносот во живо ќе биде обезбеден од Проектот за виртуелен телескоп. Се чини дека објектот ќе се врати во орбитата на Земјата во 2026 година, но научниците дури и тогаш ја отфрлија можноста за закана за планетата.

реклама