Маточината е билка со исклучително лековито дејство, а може да се одгледува во градина или на тераса во саксија.

Постојат разни придобивки од чајот од оваа билка, а некои од нив се ублажување на стресот, несоницата, нервозата и анксиозноста. Со вкусот и мирисот потсетува на лимон, а во традиционалната медицина се користи и кај разни тегоби, од здравје на дигестивниот тракт до зараснување на рани, како и кај зачувување на здравјето на срцето.

Чајот од маточина се употребува и кај желудочна киселина, надуеност, лошо варење и мачнини, а бидејќи е богат со антиоксиданти, позитивно влијае и на процесот на детоксикација. Истражувањата покажуваат дека маточината е водечка билка за смирување и мирен и квалитетен сон, а многумина ја нарекуваат и билка за „емоционално исцелување“.

Позитивно влијае и на женското здравје бидејќи ги намалува тегобите предизвикани од ПМС, а поседува и антивоспалителни својства. Покрај чајот, маточината во служба на здравјето се користи и во вид на капсули, таблети и етерично масло.

Еве како да подготвите чај од маточина:

Прелијте една супена лажица суви листови од маточина со 200 мл. зовриена вода. Поклопете и оставете да отстои 15 минути, а потоа процедете и уживајте во прекрасниот вкус. По желба можете да го засладите со една лажичка мед. Важно е маточината никогаш да не ја варите, туку исклучиво да ја прелиете со зовриена вода, со што ќе добиете здрав напиток.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.