Овие пијалоци никогаш не треба да се нарачуваат во кафулиња и ресторани.

Едно истражување покажало дека напитокот кој сите го нарачуваме крие најмногу бактерии, а тоа е чаша минерална вода или газиран сок со парче лимон.

Истражувачите тестирале 76 парчиња лимон од 21 ресторан и откриле дека 70 отсто, или 53 парчиња, биле со бактерии.

Иако ова не е најсеопфатното истражување на оваа тема, можете сами да се уверите дека парчето лимон што го добивате во чашата е веќе однапред исечено и дека овие плодови се чуваат во пластични садови на собна температура, што е идеална средина за бактерии.

Истражувањето не го откри јасно изворот на овие бактерии, но открива дека овие бактерии не можат да преживеат и да се размножуваат во алкохолните пијалоци.