Неколку хороскопски знаци ги очекува флерт, љубов, и добро расположение во текот на празниците.
БИК: Очекувајте го неочекуваното
Како се ближи крајот на годината и доаѓаат празниците, така и кај вас времето отчукува. Универзумот ви го носи најубавиот љубовен цвет. Очекувајте лудо заљубување и луда љубов која сигурно ќе прерасне во сериозна врска која ќе биде крунисана со брак. Тоа е љубов која ќе ве помести од земјата, а тоа е навистина тешко кога сте вие во прашање. Уживајте и прегрнете го овој период со две раце.
РАК: Вие веќе слушате црковни ѕвона во ушите
И така е, не сте се излажале. Овој период за вас подготвува големо љубовно изненаување. Љубов за која пишувале поетите, љубов од која се топи кожата, љубов за која другите зајадливо шепотат. Тоа е љубов каква сите посакуваме, а вам ќе ви се оствари. Од вас не се бара ништо, само треба да се опуштите и да ја вдишите магијата на универзумот.
ЛАВ: Без оглед дали сте слободни или зафатени, вие ќе доживеете љубов
Голема, страствена, силна. Цела 2021 година беше напорна за вас, но универзумот ќе се потруди да ви го даде најубавиот подарок за време на празниците. Ако сте во врска, со вашите партнери ќе ја обновите и препородите вашата љубов. Ако сте слободни, ќе запознаете голема љубов на места каде најмалку сте се надевале. Тоа ќе се случи во секунда и вие меѓусебно ќе се препознаете.
РИБИ: Вам веќе ви се случува љубовна магија
За некои припадници на знакот Риби веќе почнала љубовната магија, а за некои ќе почне, но во двата случаи, магијата ќе ве следи и во 2022 година. Тоа е година која ќе го одбележи вашиот љубовен живот. Вие сте целосно разбудена личност, која задржала дел од својата фантазија и баш таков љубовен партнер се појавува во вашиот живот. Единствено што е потребно да се нагласи е дека вие сега имате љубовна среќа и дека следната година за вас е година на љубовта.