реклама

Лошиот здив кај децата, исто како и кај возрасните, не е невообичаен. Како што објаснуваат педијатрите, кај децата првенствено се јавува поради лошите орални хигиенски навики, додека некои други вообичаени причини за оваа состојба се дехидрација, консумирање одредена храна или можни медицински состојби.

Родителите често се многу загрижени кога нивното дете има проблеми со лошиот здив, но во повеќето случаи тоа не е причина за интервенција на лекар. Имено, педијатрите и стоматолози тврдат дека постојат различни причини за оваа непријатна појава покрај јадењето храна која остава непријатен мирис во устата, а меѓу нив се и следново:

реклама

лоша орална хигиена
дехидрација и сува уста
медицински состојби како рефлукс на киселина или зголемени крајници
одредени лекови кои детето ги зема
дишење со уста
болест на непцата
расипани заби или кариес.

На ист начин, понекогаш децата може да имаат лош здив кога ќе никнат. Ова е сосема нормална појава и престанува кога забот ќе излезе до површината. Во случај лошиот здив кај детето да се задржи некое време, и покрај здравите заби и добрата хигиена, педијатрите ги советуваат родителите да го однесат детето на преглед за да се утврди вистинската причина за појавата.

реклама