Сè започнало кога еден човек во група на Фејсбук побарал некого да објасни како се користи „банана вода“.

„Колку долго треба да ја оставам кората од банана во вода пред да ја користам за растенија?“, праша тој.

Многумина одговориле со објавување фотографии од нивните растенија кои значително пораснале за само неколку дена од користењето на оваа вода, а некои тврделе дека цвеќињата биле двојно поголеми за неколку недели. Една жена напишала дека кората од банана ја чувала во вода само два дена и дека не може да поверува во разликата во цветовите по само една недела.

„Моите цвеќиња немаа нови лисја со недели, а само седум дена по наводнувањето има шест нови лисја“, напиша таа. „Со таа вода ги наводнувам растенијата, а потоа ставам парчиња кора од банана во земјата, цвеќињата го сакаат тоа.

За наводнување на растенијата најдобро е да ја користите кората од презрелите, потемнети банани, кои ќе ги ставите во вода и ќе додадете малку кафеав шеќер, па оставете да отстои ден-два. Кора од банана е одлична за нега на растенијата благодарение на минералите кои ги содржи – калциум, фосфор и калиум. Овие минерали од кората ќе се испуштат во водата по 24 до 48 часа.