Познато е дека домашните растенија се нарекуваат прочистувачи на воздухот во куќата, а повеќето цвеќари се согласуваат дека најдобро е хлорофитумот или зелениот лилјан, односно билката пајак.
Особено е корисен во зима, кога воздухот во просториите брзо се суши поради греењето, а сега е добредојден како уште едно средство за одбрана од вируси.
Ова растение, всушност, ја зголемува влажноста во домот, а тоа ги уништува вирусите и бактериите кои не опкружуваат. Домаќинките го обожаваат ова растение бидејќи не е нималку напорно за одржување, а зборуваат и дека ја впива негативната енергија од просториите.
Интересно е што истражувањето на НАСА (Американска вселенска агенција) покажало дека ова растение има антимикробно и антибактериско дејство и дека е рангирана меѓу најефикасните прочистувачи на воздухот.
Истражувањата потврдија дека ги неутрализира штетните состојки за човечкото тело како што се фенолот, бензенот, формалдехидот и другите што се испуштаат од современите завршни материјали и мебелот од иверица.
Зелениот лилјан успева дури и за оние кои не се вешти со растенија, како и за апсолутни почетници. Не бара многу внимание и грижа. Не треба често да се полева, доволно е еднаш неделно, а можете да го чувате на светло, но и во потемни делови од станот.