Ријана (33) беше прогласена за национална хероина на островската држава Барбадос во понеделникот на 29 ноември во нејзиниот роден град Бриџтаун.
Премиерката Миа Мотли (56) пред насобраните и честиташе на Ријана за титулата што ја доби.
– Да продолжиш да блескаш како дијамант и да бидеш гордост на својот народ со своите дела и постапки – рече Миа, алудирајќи на нејзиниот хит сингл од 2012 година „Дијаманти“.
Меѓутоа, луѓето нашироко го коментираат фустанот што Ријана го облече за таква пригода. Станува збор за креација под која немала градник, па покажала премногу пред официјалните лица.
„Ја обожавам, но ова е грдо“, „Не може ли навистина да има нешто попристојно да се најде…“, „Рири, ова не е твоја сцена“, „Таа претера, се срамам“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Да потсетиме, денеска, 30 ноември, 55 години од стекнувањето независност, Барбадос стана република, со што се откажа од британската кралица Елизабета Втора како суверена на тој карипски остров.
Речиси 400 години од пристигнувањето на првите англиски бродови на островот, точно на полноќ, се роди нова република со интонирање на националната химна и 21 вод, на воодушевување на илјадници луѓе на улиците на главниот град Бриџтаун.
Барбадос доби независност од Велика Британија во 1966 година, но ја задржа кралицата Елизабета како свој официјален суверен. Кралицата сè уште е суверена над 15 други области, вклучувајќи ги Обединетото Кралство, Австралија, Канада и Јамајка.
На церемонијата присуствуваше и престолонаследникот на британската круна, принцот Чарлс, кој рече дека создавањето на републиката „нуди нов почеток“.
Барбадос останува република во рамките на Комонвелтот, група од 54 земји.
Foto: Profimedia/WPA POOL