Гарантираме дека ништо не е полесно за подготовка, а повкусно не постои

Состојки:

Интегрална тортиља

Мексиканска мешавина од зеленчук

50 гр. бело месо

Сос од домати или кечап

Подготовка:

Посолете го месото и пропржете го со вода. На многу малку масло пропржете ја мексиканската мешавина од зеленчук.

Кога зеленчукот и месото се готови, измешајте ги и додадете го сосот од домати. Добро измешајте и потоа наполнете ги тортиљите.

Свиткајте ги тортиљите и диеталното бурито е готово.