Рено“ официјално го претстави својот нов „Аустрал“ модел. Ова е првиот нивен модел којшто се заснова на третата генерација на ЦМФ-ЦД платформата и доаѓа како замена за моделот „Кадџар“, притоа внесувајќи голем број новитети.
Најочигледната промена е целосно новиот надворешен изглед и богатата технолошки опремена внатрешност. Новиот „Аустрал“ е долг 4,51 метар, широк 1,83 и висок 1,62 метра, а меѓуосовинското растојание е 2,67 метри. Волуменот на багажникот варира меѓу 500 и 575 литри во зависност од тоа дали возилото има фиксни или лизгачки задни седишта.
Возилото е придвижувано од 1,2-литарски трицилиндричен турбомотор поврзан со хибридна технологија која што е претставена како „алтернатива на дизелот“.
Дел од погонот е и „48-В“ литиум-јонска батерија и стартер-мотор. Вкупната моќност е 130 коњски и се пренесува преку 6-брзински менувач. Троши 5,3 литри на 100 км, а испуштањето ЦО2 е 123 г/км. Верзијата со рачен менувач развива 140 КС, додека онаа со „автоматик“ – 160 КС и 270 њутн-метри во вртежи.
„Рено“ ќе почне со продажбата на „Аустрал“ во четвртото тримесечје од годинава.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.