Преминувањето во потоплите денови кај многу луѓе предизвикува главоболки, тежина, слабост, таканаречен пролетен замор. Еден општ лекар, сепак вели дека за пролетниот замор не можеме да ја обвиниме само промената на временските услови – нешто зависи и од нас.
Ова се советите на лекарот:
Пролетниот замор е состојба која настанува поради адаптацијата на организмот на новите временски услови, особено во период од годината кога надворешната температура расте. Тогаш крвните садови се шират, а со тоа и притисокот паѓа. Последиците се чувство на слабост, чести главоболки, раздразливост, поспаност, пациентите се жалат дека спијат подолго од вообичаеното.
Не само што може да ја обвиниме промената на временските услови за пролетниот замор, туку и недостатокот на витамини. Во зима бевме помалку изложени на сонце, па многу е можно да ни недостасуваат витамини, особено витамин Д, но и витамин Б комплекс и витамин Ц. Бидејќи во зима има помалку овошје и зеленчук во секојдневната исхрана, монотона исхрана најверојатно ќе доведе до пролетен замор.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.