Амазон го објави првиот трејлер и полниот назив на ТВ-серијата „Господар на прстените“, со поднаслов „Прстени на моќта“ (The Lord of the Rings: The Rings of Power).
Во првичниот, кус трејлер е претставена приказната за 20-те прстени на моќта, кои им биле дадени на разните народи кои ја населуваат Средната Земја. Прикажувањето е закажано за 2 септември 2022 година. Епизодите од продолжението ќе се објавуваат секоја недела на стрим-платформата „Амазон прајм“, што е достапна во повеќе од 240 земји.
Новата серија, чија втора сезона е во подготовка, ќе раскажува за настаните што ѝ претходат на оригиналната трилогија во режија на Питер Џексон. Сепак, „Амазон“ засега не ги открива сите подробности околу приказната.