Добитник на Нобеловата награда за мир за 2024 година е јапонската организација Нихон Хиданкио.

„Ова движење на преживеаните од атомската бомба во Хирошима и Нагасаки, исто така познато како Хибакуша, ја добива наградата за мир за неговите напори да постигне свет без нуклеарно оружје и за демонстрирањето преку човечки сведоштва дека нуклеарното оружје никогаш повеќе не смее да се користи“, е кажано при доделувањето на наградата.

Движењето беше создадено како одговор на атомските напади во август 1945 година, а неговите членови неуморно работеа на подигање на свеста за катастрофалните хуманитарни последици од употребата на нуклеарно оружје.

Нобеловата награда во оваа област ја доделува Шведската кралска академија и се состои од златен медал и парична награда од 10 милиони шведски круни или 1,1 милион долари.

Текстот Објавен добитникот на Нобеловата награда за мир за 2024 година е превземен од МАКФАКС.