реклама
Огромното мнозинство од влијателите, поточно 80 отсто од нив, во своите објави на социјалните мрежи не признаваат дека рекламираат одредени производи или услуги и со тоа ги прекршуваат законите на Европската унија, се вели во објавената студија на ЕУ.
Истражувањето на 576 инфлуенсери покажало дека речиси сите, поточно 97 отсто, објавуваат комерцијални содржини, но само 20 отсто од нив споменуваат дека се работи за рекламирање, објави Европската комисија (ЕК).
реклама
Студијата беше спроведена во 22 земји од Европската унија, Норвешка и Исланд, а експертите ги прегледаа објавите на инфлуенсерите на социјалните мрежи како Instagram, TikTok, YouTube, Iks (Twitter), Snapchat и Twitch.
Проблематичните маркетиншки практики укажуваат на важноста на модерното и силно законодавство кое може да им помогне на потрошувачите на интернет, се додава во соопштението на Европската комисија, пренесува Ројтерс.
реклама
Имињата на проверените инфлуенсери не беа соопштени, но беше речено дека ќе биде покрената дополнителна истрага против 358 од нив.
реклама