Тројца членови на екипажот на хеликоптерот Блек Хок на американската армија загинаа во четвртокот кога се судри со патнички авион на Американ ерлајнс над реката Потомак, во близина на Вашингтон.

Во несреќата загинаа сите 64 лица во авионот.

Иако имињата на членовите на екипажот на хеликоптерот се уште не се официјално објавени, познато е дека станува збор за тројца членови на американската војска. Истрагата за причините за оваа несреќа е во тек, а Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) и Федералната управа за авијација (FAA) активно се вклучени во испитувањето на околностите кои довеле до судирот.

Оваа трагедија претставува една од најсмртоносните авионски несреќи во САД во последните 24 години.

Пилот-механичар на урнатиот воен хеликоптер UH-60 Black Hawk бил Рајан О’Хара. Тој беше дел од класата на 2014 година во програмата Parkview Marine Corps JROTC. Тој зад себе остави сопруга и едногодишен син.

Загина и пилотот-инструктор, Ендрју Еванс, кој имал околу 1.000 часа летачко искуство. Неговите слики беа објавени на мрежата Икс.

Третата жртва била жена, која имала околу 500 часа искуство со летање. Нејзината слика беше објавена и на мрежата Х, но нејзиното име се уште не е соопштено. Таа беше главен пилот за време на фаталниот лет.

Според официјални извори, сите членови на екипажот биле многу искусни и запознаени со рутата на летот во областа Вашингтон.

Текстот Објавени фотографии од екипата на урнатиот американски хеликоптер, жена била главниот пилот е превземен од МАКФАКС.