реклама

Објавени се номинациите за Греми наградите за 2024 година. Нив ги предводи Солана Имани Роу, попозната под псевдонимот СЗА, која е номинирана во девет категории.

Вестите за овогодинешните награди вклучуваат намалување на бројот на номинирани во категоријата „голема четворка“ од 10 на 8. Додадени се и три нови категории: најдобар алтернативен џез албум, најдобра поп денс песна и најдобра изведба на африканска музика.

реклама

Церемонијата на доделувањето на Греми наградите за 2024 година ќе се одржи во недела, 4 февруари 2024 година, во Crypto.com Арената во Лос Анџелес.

Погледнете ги номинираните во најважните категории ТУКА.

реклама