Нов обложувачки скандал ја тресе Италија, а главен актер е Николо Фаџоли, играчот на Јувентус кој сезонава игра на позајмица во Фиорентина.
Овој 24-годишник навистина длабоко заглавил, а по вештачењето на мобилниот телефон на фудбалерот истрагата открила дека од 31 лице позајмил вкупно 587.000 евра.
Фаџоли се обидувал да дојде до пари на различни начини, а во приказните често се споменува и името на Алваро Мората. Тие двајца во минатото без соиграчи во Јувентус.
„Газета дело спорт“, пишува дека се чувствува непријатност додека се чита преписката на Фаџоли и другите, особено кога се знае дека и покрај неговата милионска заработка, тој бил принуден да бара пари од десетици луѓе за да си ги исплати долговите.
„Преку Алваро Мората наоѓам часовници „Ролекс“ за многу помалку пари и потоа тој ми ги препродава. Ова го правиме веќе една година. За два-три месеци ги враќаме парите”, гласи една од пораките на Фаџоли.
Фаџоли и Мората беа блиски додека играа заедно за Јуве, а Шпанецот не се споменува меѓу финансиерите на Фаџоли, само како некој што набавува часовници.
За потсетување, 12 поранешни и активни фудбалери во Серија А се под истрага за нелегално обложување.
Државниот суд во Милано го иницираше процесот врз основа на податоците од мобилните телефони на Сандро Тонали и Никола Фаџоли, кои беа запленети во октомври 2023 година.
Нов обложувачки скандал во Италија: Многу ѕвезди се под истрага
Текстот Обложувачки скандал ја тресе Италија – Мората препродавал часовници „ролекс“ е превземен од МАКФАКС.