Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува да ги повика земјите да ја спречат Москва со построги санкции, по неговата вчерашна посета на Буча, местото на наводните убиства на цивили од страна на руски војници. Тој го обвини својот непријател за геноцид и најави дека може да има уште полоши откритија по повлекувањето на трупите по нападот на областите во близина на главниот град.
„Ја заборавивме фразата за демилитаризација на денот кога ми беше понудено да го напуштам Киев. Ѝ кажавме на Русија да ги заборави фразите „денацификација“ и „демилитаризација“, за ова нема ни да разговараме. Денацификацијата звучи навредливо. Овој збор можеме да го насочиме кон вас и Буча го покажа тоа. Бевме во право“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина
Русија, од друга страна, категорично негира дека нејзините сили убиле цивили во Буча. Рускиот амбасадор во Обединетите нации, рече дека целиот настан е наместен од украинската влада за да се дискредитира руската војска.
„Ако внимателно погледнете што се случува во Буча во однос на труповите на улиците, кои не постоеја пред да дојдат руските војници, тие одеднаш се појавија како лежат на улицата еден десно, еден лево, некои се движат, а други покажуваа знаци на живот. Не можете, а да не сфатите дека ова е инсценирано, дека е фалсификат и провокација“, изјави Василиј Небензја, амбасадор на Русија во Советот за безбедност
Демонстрант во Москва е фотографиран како лежи со лицето надолу на земја и со врзани раце, како што биле пронајдени цивилите убиени во Буча.
Италија и Данска најавија масовни протерувања на руски дипломати.
Американскиот претседател Бајден го нарече Путин воен злосторник и вети дека ќе ги собере сите материјали за да го обвини рускиот претседател за воени злосторства. И покрај тоа што рече дека ќе бара повеќе санкции против Москва, Бајден вети дека ќе испрати повеќе оружје во Украина за да ја издржи руската офанзива. /Алсат.мк
Шкелзен Аќифи