Како што соопштија од Обвинителството на кантонот Тузла, дежурниот обвинител и истражителите од секторот за криминалистичка полиција при МВР на кантонот Тузла синоќа извршиле увид на лице место во семеен стан во Калесија, каде во вечерните часови биле пронајдени две безживотни тела, 37-годишна жена и нејзиниот 13-годишен син.
Осомничениот за двојното убиство моментално е во бегство и по него се трага.
„Најверојатно жената и синот се убиени од задушување. Денеска ќе биде издадена наредба за обдукција на телата на починатите за да се утврдат точните причини за смртта. Во тек се сите потребни истражни дејствија кои по наредба на обвинителството ги спроведуваат истражителите за утврдување на сите околности поврзани со двојното убиство“, соопшти Обвинителството, пренесе „Кликс“.
Текстот Обвинителство во БиХ: Мајката и детето најверојатно се убиени со гушење, се чека обдукција е превземен од МАКФАКС.