Младиот фудбалер на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, со кауција излезе од притвор.
Гринвуд заврши зад решетки, откако неговата девојка го обвини за физичко насилство и силување. Тој ќе биде на слобода додека трае истрагата.
Гринвуд првично беше приведен во неделата откако неговата 18-годишна девојка, Хериет Робсон, на социјалните мрежи објави вознемирувачки видеа, фотографии и аудио-снимки од физичкиот напад.
Веднаш по апсењето Манчестер јунајтед објави дека фудбалерот е суспендиран и дека нема да учествува во клупските активности додека трае истрагата.