Поранешниот шпански репрезентативец Џерар Пике има идеја како да ги направи натпреварите уште поатрактивни за навивачите.
Поранешниот фудбалер на Барселона во подкастот на Икер Касиљас даде предлог дека на тимовите кои ќе одиграат натпревар без голови да не добијат по еден бод. На тој начин, рече, ќе бидат казнети за таквиот пристап.
Тој додаде дека е апсурдно навивачите да трошат стотици евра за да дојдат на натпревар, а потоа да гледаат два тима како играат меч без голови.
Затоа, тој смета дека таквиот резултат треба да биде соодветно „награден“ – со нула бодови за двете екипи.
„Не е во ред да се трошат 100, 200 или 300 евра за билет, а натпреварот да заврши 0-0. Нешто мора да се промени. Една идеја е дека ако натпреварот заврши без голови, ниту една екипа не добие бод. Тоа секако би имало влијание мечот да биде отворен најмалку 70 минути”, смета Пике.
Текстот „Нула бодови за тимовите кои ќе одиграат 0:0“ е превземен од МАКФАКС.