Вечерва ракометната селекција на Норвешка го одиграа можеби најдобриот натпревар на Европското првенство и со победата над Шпанија од 23-27 значително ги зголемија шансите за пласман во полуфиналето.
Исто така, ова беше прв пораз на Шпанија на еден континентален собир по цели 17 натпревари.
Бартхолд со шест и Тофт, Гулеруд и Реинкинд со по четири гола беа најпрецизни во таборот на Норвешка, додека за Шпанија се истакна Македа со шест, а еден помалку имаше Гомез.