Ракометарите на Норвешка и Исланд забележаа победи во последните натпревари од првото коло во главната фаза на 29. Светско првенство.
Норвешка со голем пресврт ја победи Шпанија 25:24 и ги освои првите бодови во групата. Нападот седум на шест во последните 20 минути и ја донесе победата на Норвешка. Шпанија во 41.минута имаше предност од пет гола (13:18). Норвешка полека ја топеше предноста на ривалот, со серијата 5:0 го реши прашањето околу победникот.
Проблем за Норвешка е повредата на Сагосен, се повреди во последната минута од натпреварот. Грендал беше најефикасен во победничкиот тим со седум гола, шест постигна во вториот дел. Шпанија ја предводеше Гарсијандија со шест гола.
На табелата во оваа група води Португалија со пет бода, по четири имаат Бразил и Шведска, Шпанија остана на три, Норвешка имадва, а Чиле е без освоен бод.
Во Групата 4, Исланд го доби дуелот на непоразените репрезентации. Исланшаните славеа над Египет со 27:24.
Скандинавците ја одиграа својата игра, но ги неутрализираа бековите на Египет. Постојано водеа и го приведоа рутинскиот натпревар до крај. Блескаше Кристијансон со девет гола, еден помалку за Египет постигна Зеин.
Исланд сега има шест бода на првото место во Групата 4, додека Египет, Хрватска и Словенија имаат по четири.
Текстот Норвешка со пресврт ја победи Шпанија, Исланд со триумф над Египет е превземен од МАКФАКС.