реклама

Норвешките власти соопштија дека ќе ја надградат оградата во близина на границата со Русија на далечниот север за да спречат ирваси да ги преминат меѓународните граници.

Веќе е подигната ограда која се протега на околу 150 километри долж руско-норвешката граница за да се спречи прекуграничното движење на животните.

реклама

Сепак, некои делови толку многу се расипале што ирвасите лесно можат да поминат низ оградата, пренесува АП.

„Строго е забрането преминување на границата со Русија, дури и за ирваси“, се вели во соопштението на норвешката управа за земјоделство.

реклама

Од почетокот на оваа година, голем број норвешки ирваси ја преминаа руската граница во потрага по пасишта во природниот резерват Пасвик во областа Мурманск.

Руските власти побараа отштета од милиони долари од Норвешка, велејќи дека животните јадат мов и грмушки и ја газат вегетацијата на земјата, што, според нив, доведе до ерозија на почвата и деградација на растителниот свет.

реклама

Норвешката дирекција за земјоделство затоа нареди до 1 октомври да се изгради нова ограда на дел од седум километри, за што се издвоени 345.000 долари.

Ирвасите ги одгледуваат сточари од народот Сами во северна Европа, кои живеат полуномадски и патуваат низ огромни пространства, движејќи се меѓу нивните зимски и летни пасишта, пренесува Танјуг.

Во овој арктички регион, Норвешка и Русија делат само еден овластен копнен премин, граничниот премин Сторског-Борис Глеб.

реклама